Британија и Финска потпишаа декларација во случај на напад: „Ќе се обединиме“

Британскиот премиер Борис Џонсон и финскиот претседател Саули Ниинисто денеска во Финска одржаа заедничка прес-конференција.

Фото: ЕПА

Ниинисто рече дека Велика Британија и Финска се големи пријатели и силни партнери во однос на безбедноста.

„Потпишавме декларација, ќе се обединиме и ќе се поддржуваме во сите околности, без разлика дали се добри или лоши. Ние во Финска цениме дека Обединетото Кралство ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и приемот на нови членки. Тоа ни значи многу“, рече Ниинисто.

Финскиот претседател додаде дека двете земји ја осудуваат руската инвазија на Украина.

Џонсон рече дека нападот врз Украина предизвикал „крај на ерата по Студената војна, ја преобликува нашата иднина и отвори ново поглавје“.

На прашањето на новинарите дали британските војници ќе ѝ помогнат на Финска во случај на можен конфликт со Русија, тој рече дека тоа зависи од неколку фактори.

„Во случај на катастрофа или напад врз кого било од нас, ќе си помагаме меѓусебно, што вклучува и воена помош. Но природата на таа помош ќе зависи од барањето на другата страна.“

„НАТО е одбранбен сојуз, тој не претставува закана за никого, тој е таму заради заемна одбрана. Ние ги преземаме овие обврски кон Финска не затоа што можеме, туку затоа што мораме“, додаде тој.

На прашањето дали влезот на Финска во НАТО ќе ја испровоцира Русија, Ниинисто рече дека тоа е одлука на неговата земја.

„Кон крајот на минатата година, Русија рече дека Финска и Шведска не можат да се приклучат на НАТО, барајќи од НАТО да не прима нови членки. Тоа значи дека Русија верува дека Финска и Шведска немаат сопствена волја“, рече Ниинисто.

„Ситуацијата се промени на 24 февруари. Русија покажа дека е спремна да нападне соседна земја. Затоа, јас би ѝ порачал - погледни се во огледало“, додаде тој.

Борис Џонсон рече дека целта е да се испрати помош за Украина „за да се спречи понатамошна катастрофа“, која вклучува економски последици. Тој предупреди дека доколку на Владимир Путин не му се даде отпор, тој нема да запре во Украина.

„Инвазијата на Украина нема да биде крај на неговите неоимперијалистички, реваншистички амбиции. Затоа е важно да дејствуваме заедно за да ја одвратиме натамошната руска агресија“, рече британскиот премиер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе