Британците тврдат дека заминувањето на руските сили од Змискиот Остров не е „знак на добра волја“

Британското министерство за одбрана во својот нов извештај тврди дека Русија од Змискиот Остров во Црното Море веројатно се повлекла поради украинските напади, а не како што тврди Москва дека одлуката е „знак на добра волја“.

EPA-EFE

„Украинските оружени сили во изминатите недели го напаѓаа рускиот гарнизон користејќи проектили и беспилотни летала. Освен тоа, користеа противбродски проектили за да ги спречат воените бродови кои се обидуваа да го снабдат островот“, пишува британското министерство.

„Русија веројатно се повлече од Змискиот Остров поради изолацијата на гарнизонот и неговата сè поголема ранливост на украинските напади, а не како „знак на добра волја““, се истакнува во британскиот извештај.

Објавија дека руските копнени сили го зазеле селото Привила северозападно од градот Лисичанск во Донбас, а интензивните борби продолжуваат околу рафинеријата во Лисичанск.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе