Британците тврдат дека Русите сè повеќе користат приватни платеници

Русија ангажирала платеници на некои делови на првата линија на фронтот во Украина за да ги задржи тие позиции, што укажува на недостигот од пешадија во нејзината војска, тврди денес британското министерство за одбрана, во момент кога Киев наводно води контраофанзива на југот на земјата.

EPA-EFE

Вртењето кон платениците од руската безбедносна компанија Вагнер група, тврди британското министерство за одбрана, е уште еден знак дека руската војска, шест месеци по почнувањето на интервенцијата во Украина, е под притисок.

Британското министерство, повикувајќи се на разузнавачки податоци, проценува дека платениците од Вагнер групата тешко можат да ги надоместат загубите кои ги трпи регуларната пешадија или да го променат текот на војната.

Платениците од Вагнер од 2015 година вообичаено се ангажирани за специјални мисии, додека ова сега е важна промена, тврди Британија.

Киев во средата соопшти дека дошло до „големо прераспоредување“ на руските сили кон југ каде, како што тврдат британските разузнавачи, се наоѓа 49-тата руска армија, стационирана на западниот брег на Дњепар.

Британците тврдат и дека градот Херсон, кој на Русите им е клучен за копнено снабдување на Крим, сега е практично отсечен од останатите области под руска контрола бидејќи украинската војска со западни проектили со долг дострел тешко ги оштетила трите моста преку Дњепар.

Соединетите Американски Држави во војните во Авганистан и во Ирак на услуги на приватни безбедносни компании и цивилни изведувачи потрошија стотици милиони долари.

Една од најпознатите платенички компании е Блеквотер, чии припадници се обвинувани за масакрирање и мачење цивили из а воени злосторства.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе