Британците од следната недела без маски и без работа од дома

Од следната недела граѓаните во Англија повеќе нема да бидат обврзани да носат маски, ниту да работат од дома, рече денес британскиот премиер Борис Џонсон.

Фото: ЕПА

Џонсон во парламентот порача дека владата ќе дефинира долгорочна стратегија за живот со коронавирусот и дека граѓаните треба да бидат внимателни во текот на последните недели од зимата, бидејќи пандемијата сè уште не е завршена, пренесе Би-би-си.

Тој, исто така, рече дека сојот омикрон „не е блага болест за сите, особено не за оние што се невакцинирани“.

Тој, исто така, го најави укинувањето на правилото за задолжително носење маски на лице за средношколците во училниците, во градскиот транспорт и во продавниците.

Всушност, рече, ќе остане одредбата маските да се задолжителни за влегување само на одредени места.

Би-би-си наведува дека т.н. план Б, кој стапува во сила на 27 јануари, исто така ја содржи одредбата во фирмите веќе да не се неопходни ковид-пропусниците.

Исто така, ќе бидат ублажени рестриктивните мерки во врска со старечките домови, а деталите ќе бидат објавени подоцна.

Останува во сила обврската дека секој што е позитивен во коронавирусот мора да оди на самоизолација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе