Борис Џонсон снимен како ги прекршува мерките за време на најстрогиот карантин во Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон бил фотографиран како пие вино и јаде кашкавали заедно со неговата сопруга и 17 соработници во градината на зградата на Даунинг стрит 10, седиштето на владата, за време на карантинот во мај 2020 година, пишува Гардијан.

Фото: ЕПА

Лондонскиот весник наведува дека ја добил фотографијата една недела откако британската влада негираше дека на 15 мај 2020 година се одржал социјален настан со вино и други алкохолни пијалаци и пица внатре или надвор од зградата.

Портпаролот на Џонсон тогаш објасни дека персоналот на Даунинг стрит на споменатиот ден работел во градината во попладневните и вечерните часови.

Фотографијата, забележува Гардијан, го доведува во прашање тој исказ, бидејќи покрај шишињата вино, се гледа и дека ниту едно од 19-те лица не се придржува до правилата за социјална дистанца.

Весникот потсетува дека тогаш средбите на членовите на различни домаќинства биле ограничени на две лица, на отворено, а растојанието морало да биде најмалку два метри.

Според тогашните правила, деловните состаноци во живо можеа да се одржуваат само доколку „апсолутно е неопходно“.

Џонсон веќе се соочува со обвиненија откако во јавноста се појави видео од минатиот декември, на кое службениците во неговата канцеларија се шегуваат на сметка на одржувањето божиќна забава на Даунинг стрит 10 само четири дена откако се случил тој настан, во време кога беа воведени строги мерки против коронавирусот во Британија.

На видеото може да се слушне и персоналот на кабинетот на премиерот Борис Џонсон како се смее и споменува „кашкавал и вино“, додека тогашната портпаролка на премиерот Џонсон Алегра Стратон забележала дека, како што објави Ројтерс, „дефинитивно немало социјално дистанцирање“.

Стратон, која му беше портпаролка на Џонсон во тоа време, поднесе оставка поради случајот.

„Фотографијата на која се гледа премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон во друштво на луѓе што пијат вино во градината на Даунинг стрит за време на строгиот карантин минатата година не докажува дека се случила забава“, изјави денеска неговиот заменик Доминик Раб.

На фотографијата што ја објави Гардијан се гледаат Џонсон и неговата сопруга Кери, која го држи нивниот новороден син, и уште две лица, на маса на терасата во градината Даунинг стрит, со кашкавал и вино.

„Даунинг стрит ја користи таа градина како место за работа. Ова не е спротивно на правилата. Мислам дека тоа не може да се нарече забава“, рече Раб.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе