Велика Британија

Борис Џонсон претстави план за периодот после карантинот

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе го претстави својот план за локални ограничувања во борбата против пандемијата на коронавирусот во Англија, а кој на почетокот на декември ќе го замени карантинот и ќе се заснова на масовно тестирање.

Фото: ЕПА

 „Порастот на новите случаи во Англија забавува“, рече Борис Џонсон во изјавата. „Сè уште не се извлековме, но со повеќе тестирања и претстојниот почеток на вакцинацијата, скалестиот систем на локални ограничувања ќе помогне да се задржи вирусот под контрола“.

Според медиумите, конзервативниот лидер попладне пред пратениците повторно ќе го објави отворањето на продавниците кои не продаваат храна, баровите и рестораните од 3 декември, што ќе биде поттик за економијата ослабена од пандемијата.

Ограничувањата треба да се ублажат неколку дена околу Божиќ и владата во моментов преговара со властите во Шкотска, Велс и Северна Ирска да се договорат позициите, бидејќи секоја британска покраина обично одлучува за својата здравствена стратегија.

Во Англија, планот за локални рестрикции одобрен од министерскиот совет во неделата, ќе се состои од истите степени на рестрикции како и пред четиринеделниот карантин прогласен на 5 ноември, но повеќе зони ќе бидат вклучени во повисок, построг степен. Во четврток ќе се знае со кој степен ќе биде опфатен секој регион.

Планот ќе биде придружен со програма за масовно и брзо тестирање на населението во „многу високи“ ризични области, според искуствениот модел на Ливерпул, каде што повеќе од 200.000 луѓе биле тестирани од почетокот на ноември, се вели во соопштението на Владата

И, конечно, лицата кои биле во контакт со позитивни лица ќе можат редовно да се тестираат, што ќе им овозможи да не мораат да бидат во изолација 14 дена, што е сега задолжително, а во моментов и самиот премиер е во самоизолација. Пилот-проектот започнува следната недела во Ливерпул и доколку се покаже успешен, во декември ќе се прошири на медицинскиот персонал, а во јануари на остатокот од земјата.

Обединетото Кралство, европска земја најпогодена од пандемијата, има повеќе од 55.000 смртни случаи кај луѓето кои биле позитивни на коронавирус и повеќе од 1,5 милиони заразени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе