Симптомите на коронавирусот не поминуваат

Борис Џонсон однесен во болница

Британскиот премиер Борис Џонсон е примен во болница на тестирања, 10 дена по позитивниот тест за коронавирусот, соопшти Даунинг стрит.

Тој „продолжува да има постојани симптоми на коронавирусот“, рече портпаролката - вклучително и висока температура.

Ова се опишува како „чекор на претпазливост“ направен по совет на неговиот лекар.

Премиерот останува шеф на владата и ги повика луѓето да ги следат неговите совети за социјално дистанцирање.

„По совет на неговиот лекар, премиерот вечерва е примен во болница на тестови“, рече портпаролката.

„Ова е чекор на претпазливост, бидејќи премиерот продолжува да има постојани симптоми на коронавирус десет дена по позитивниот тест за вирусот“.

Таа додаде: „Премиерот му се заблагодарува на персоналот на Националната здравствена служба за целата нивна неверојатна напорна работа и ја повикува јавноста да продолжи да ги следи советите на владата да остане дома, да го заштити здравството и да спаси животи“.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе