Британскиот премиер

Борис Џонсон пренесен на интензивна нега

Британскиот премиер Борис Џонсон е пренесен на интензивна нега во болницата откако неговите симптоми на коронавирус се „влошиле“, соопшти Даунинг стрит.

Џонсон побарал од секретарот за надворешни работи, Доминик Рааб, да го замени „таму каде што е потребно“, рече портпаролот.

55-годишниот премиер во неделата беше примен во болницата „Сент Томас“ во Лондон со „долго присутни симптоми“.

Портпаролот рече дека тој бил префрлен на интензивна по совет од неговиот медицински тим и дека добива „одлична нега“.

„Од неделата вечер, за премиерот се грижат лекарите во болницата Сент Томас, во Лондон, откако беше примен со долготрајни симптоми на коронавирус“, се вели во соопштението.

„Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши и, по совет на неговиот медицински тим, тој беше преместен во единицата за интензивна нега во болницата“.

„Премиерот добива одлична нега и му се заблагодарува на целиот персонал на Националната здравствена служба за нивната напорна работа и посветеност“.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе