Борис Џонсон до железничарите: Зголемувањето на платите не е изводливо

Борис Џонсон, премиерот на Обединетото Кралство изјави дека зголемувањето на платите за време на инфлација е „неизводливо" и ги повика шефовите на железницата и синдикатите да најдат договор откако десетици илјади железничари ја блокираа железничката мрежа во најголемиот штрајк во последните 30 години.

Фото: Пиксабеј

Во соопштението од кабинетот на Џонсон се наведува дека премиерот говорејќи на владината седница денеска рекол дека патниците не смеат да го почувствуваат штрајкот.

Тој рече дека без модернизација на индустријата, железничките оператори ризикуваат да пропаднат и дека патниците се соочуваат со зголемени цени што може да ги натера да се откажат од патувањето со железница.

„Ја повикувам целата земја да остане на својот курс, бидејќи овие реформи, овие подобрувања се во интерес на јавноста која што го користи овој транспорт и помагаат да се намалат трошоците за луѓето кои плаќаат билети“, рече тој.

Премиерот рече дека штрајковите биле „толку погрешни и толку непотребни“ што им го отежнува доаѓањето на луѓето на работа, им го отежнува полагањето испити на децата и носи секакви непотребни отежнувања.

Националниот синдикат на работниците во железницата, поморството и транспортот РМТ повика на тридневен штрајк поради намалување на работните места, платите и пензиите.

Околу 40.000 хигиеничари, вработените од системот за одржување и персоналот на железничките станици штрајкуваат денеска, за четврток и сабота се планирани уште два штрајка.

Само 20 отсто од возовите сообраќаат по заминувањето на персоналот на полноќ, а многу области воопшто немаат возови, вклучително и поголемиот дел од Шкотска и Велс, целиот Корнвол и Дорсет и места како што се Честер, Хал, Линколн и Ворчестер.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе