По скандалите

Борис Џонсон даде оставка од премиерската функција: „Тоа е тоа“

Борис Џонсон, човек во центарот на многу скандали, тукушто објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер откако го напуштија министрите и повеќето негови конзервативни пратеници.

Фото: ЕПА

Покорувајќи му се на неизбежното, вели Ројтерс, бидејќи повеќе од 50 министри дадоа оставка и пратениците рекоа дека мора да замине, изолираниот и немоќен Џонсон зборуваше на Даунинг стрит и потврди дека ќе поднесе оставка.

„Сакам да знаете колку сум тажен што се откажувам од најдоброто работно место во светот“, рече премиерот.
 
„Но тоа е тоа“, рече тој, пренесе Би-би-си.

„Се договорив со сер Греам Брејди, претседателот на нашите обични пратеници, дека процесот на избор на тој нов лидер треба да започне сега - а распоредот ќе биде објавен следната недела и јас денеска назначив кабинет што ќе служи, како што ќе служам и јас, сѐ додека не дојде новиот лидер“.

„Процесот на избор на тој нов лидер треба да започне сега.“

Џонсон рече дека процесот на избор на новиот лидер треба да почне сега, а распоредот ќе биде објавен следната недела.

Британскиот премиер во заминување дека во политиката никој не е „ни оддалеку незаменлив“.
 
Тој рече дека британскиот „брилијантен и дарвински систем ќе произведе друг лидер“.
 
Џонсон ќе му даде на новиот лидер колку што може поголема поддршка, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе