„Ситуацијата во БиХ е загрижувачка. Никогаш не било лесно, но сега центрифугалните тенденции се навистина многу загрижувачки“, кажа високиот претставник на ЕУ на Минхенската безбедносна конференција.
Тој кажа дека е во „тесен контакт со Соединетите Американски Држави“ и дека заедно со државниот секретар на САД Ентони Блинкен издал многу сериозно предупредување.
„Нема да прифатиме распад и дезинтеграција на БиХ“, кажа Борел.
Тој кажа дека бил во контакт со српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик за да „го замоли да се потсети на својата должност да учествува во заедничките институции“ на земјата.