Борел инспириран од Финска: ЕУ не треба да ги укине визите за Русите, туку да ги намали на десетина

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел пред вториот ден од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската унија во Прага, денеска се заложи наместо да се укинува одобрувањето на визите за туристите од Русија, ЕУ да се „инспирира од Финска" и да го сведе бројот на одобрени визи на десетина.

Фото: ЕПА

„Се надевам дека ЕУ ќе донесе слична одлука. Финска го намали бројот на визите за руските туристи, а предлагаме сличен чекор да преземе и целата Унија. Украинците страдаат, нормалниот туризам не треба да продолжи“, изјави Борел за новинарите во Прага.

Без многу надеж дека шефовите на дипломатиите целосно ќе го забранат влезот на руските граѓани, апелираше на средбата украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, со поддршка од балтичките земји, Полска, Финска и Чешка, а со отпор на Германија и Франција.

„ЕУ е обврзана да го забрани влезот на туристите од Русија бидејќи мнозинството од населението ја поддржува геноцидната војна против Украина. Помина времето за полумерки. Само остра и заедничка политика може да даде резултати“, им рече Кулеба на новинарите.

Според дипломатски извори на кои денеска се повикува новинската агенција ЧТК, нема волја за целосно суспендирање на визите, но министрите најверојатно ќе постигнат компромис за укинување на визните олеснувања за Русите и со тоа ќе им го отежнат и поскапат патувањето во ЕУ, што, според оценката на шефот на чешката дипломатија Јан Липавски, не е доволно.

„Евентуалното укинување на визните олеснувања за руските туристи е добар прв чекор, но не се работи за доволна мерка. Договорот се заснова на добрата волја на договорните страни да соработуваат. Русија не настојува да има добри односи со Европа“, изјави Липавски пред средбата и предупреди дека северните земји имаат преоптоварени граници поради руските туристи.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека за Германија, која исто како и Франција е против укинување на визите за руските туристи, важно е да се постигне заедничко европско решение.

„Мора да им се даде поддршка и на противниците на рускиот режим и да им се овозможи влез во ЕУ“, рече германската министерка, додавајќи дека Германија во последните месеци веќе го намалила бројот на визите за руските граѓани.

Бербок денеска во Прага одвоено разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Кулеба за осмиот пакет санкции и натамошната испорака на оружје за Украина, објави Кулеба на Твитер.

Состанокот на министрите за надворешни работи што се одржа вчера и денеска во Прага е неформален и од него не се очекуваат обврзувачки одлуки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе