Борел во интервју за Фајненшал тајмс кажа дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направија Соединетите Американски Држави со имотот на авганистанската централна банка откако талибанците дојдоа на власт, пренесува Ројтерс.
„Ги имаме парите во џеб и некој мора да ми објасни зошто е тоа добро за авганистанските пари а не е добро за руските пари“, кажа Борел.
Вашингтон ги замрзна средствата на Авганистан откако талибанците ја преземаа власта во земјата и планира да ги употреби тие пари за помош на авганистанскиот народ, додека остатокот ќе го задржи за можни тужби против исламистичките милитанти за тероризам, пишува британската агенција.