Борците на Исламска држава убија 11 христијани во Нигерија, велат дека го одмаздуваат Ал Багдади

Исламска држава објави видео за кое тврди дека го прикажува убивањето на 11 христијани во Нигерија, пренесува Ројтерс.

Исламска држава тврди дека тоа е дел од нивната неодамна објавена одмазда за смртта на нивниот лидер и портпарол во октомври во Сирија.

Не се знае ништо за жртвите, освен дека сите се мажи. Исламска држава тврди дека ги заробиле во последните недели во нигериската североисточна држава Борно.

Снимката во траење од 56 секунди ја објавила на 26 декември „новинската агенција“ на Исламска држава наречена Амак. Не се знае каде е направена снимката.

Еден од заробениците бил застрелан, додека останатите десет биле турнати на под и отсечени им се главите.

Лидеро на ИСИС Абу Бакр ал Багдади и нивниот портпарол Абул Хасан ал Мухаџир беа убиени во Сирија на крајот на октомври. Помалку од два месеци подоцна, на 22 декември, Исламска држава најави нова кампања за одмазда на нивните убиства и од тогаш ја презема одговорноста за неколку напади во различни држави.

Една од фракциите на нигериската исламистичка група Боко харам сега води борби под називот Исламска држава на западниот афркански регион. Минатата година убија две жени кои претходно ги заробиле како заложнички.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе