Инцидент од 17 ноември

Борбен авион Ф35 вреден 100 милиони долари се урна во Медитеранот, објавена е снимка (ВИДЕО)

Британски стелт авион Ф35 од главниот британски носач на авиони ХМС Кралица Елизабета се урна во Средоземното Море за време на лет, а пилотот се катапултирал.

EPA-EFE

Станува збор за инцидентот кој се случи на 17 ноември годинава.

Скај њуз тврди дека, според нивните информации, видеото е автентично. На самата снимка се гледа како авионот полека оди кон рампата за полетување и потоа паѓа преку неа, додека пилотот успешно се катапултира со што е избегната трагедија.

Иако точната причина сè уште не е потврдена, британските медиуми нагаѓаат дека станува збор за човечка грешка, а не технички недостаток на самиот авион.

Осум британски авиони Ф35 се наоѓаат на носачот заедно со десет американски Ф35-ки. Тие се Б-варијантата на млазниот ловец на Локид Мартин, која може да полета на мала оддалеченост и да слета вертикално.

ХМС Кралица Елизабета се враќа во Британија по повеќе од седум месеци на море на своето прво патување до Далечниот Исток и назад.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе