Болсонаро објави дека е негативен на коронавирус

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во саботата објави дека тестирањето покажало дека е негативен на коронавирус, откако помина неколку недели во карантин заради заразата.

Фото: ЕПА

На фотографијата објавена на социјалните мрежи, Болсонаро е фотографиран со кутија хидроксихлорокин, анти-маларичниот лек за кој смета дека е заслужен за негово закрепнување и покрај недостатокот на цврсти научни докази за неговата ефикасност.

Во придружниот текст, напиша дека неговиот РТ-ПЦР тест на Сарс-Ков 2 е негативен, но не објави кога тестирањето е направено или какви било дополнителни детали.

Болсонаро овој месец три пати објавуваше дека е позитивен на коронавирус, вклучувајќи ја и првата дијагноза направена на 7 јули.

Оттогаш, времето го поминувал во делумна изолација во својата претседателска резиденција, повремено обраќајќи се до јавноста преку видео конференција.

Тој најави дека, веднаш штом се опорави од болеста, ќе продолжи да патува ширум земјата.

Болсонаро е еден од 2,3 милиони жители заразени со коронавирус во Бразил, по САД најпогодената земја во светот од оваа болест. Како последица од ковид-19, таму досега починале 85.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе