Блинкен: Кинеските воени вежби околу Тајван претставуваат провокација

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја осуди Кина поради одржувањето воени вежби околу Тајван, нарекувајќи ги „провокации" кои претставуваат „значителна ескалација" на тензиите.

Фото: ЕПА

Тој рече дека за Пекинг не постои „никакво оправдување“ за да започне маневри во Тајванскиот теснец.

Кина вчера започна големи воени вежби со авијација, морнарица и балистички проектили во шест поморски сектори околу Тајван, како одговор на посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на островот оваа недела.

„Овие провокации претставуваат значителна ескалација. Можете да видите како Пекинг неодамна се обиде да го промени статус квото околу Тајван... Сега спроведува опасни дејствија на ново ниво“, рече Блинкен во Пном Пен, каде учествува на состанокот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Тој рече дека Кина избрала прекумерно да реагира и да ја искористи посетата на Ненси Пелоси како изговор, кога факт е дека нејзината посета била миротворна.

„Нема никакво оправдување за овој екстремен воен одговор, кој е непропорционален и кој поттикнува ескалација“, изјави шефот на американската дипломатија.

„Предвидовме дека Кина ќе реагира на овој начин, всушност го опишавме токму ова сценарио“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе