Блинкен го повика Лавров да бара дипломатски излез од кризата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска се сретна со својот руски колега за лично да го предупреди за „сериозните последици" што ќе ги претрпи Русија доколку ја нападне Украина и го повика да бара дипломатски излез од кризата.

Фото: ЕПА

Блинкен го испрати предупредувањето до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот во Стокхолм, еден ден откако објави дека Вашингтон е подготвен да одговори решително, вклучително и со болни санкции во случај на руски напад.

„Најдобар начин да се избегне криза е преку дипломатија“, им рече Блинкен на новинарите пред средбата со рускиот колега, пренесе Ројтерс.

Тој истакна дека Москва и Киев треба да ги исполнат своите обврски врз основа на мировниот процес од Минск во 2014 година, осмислен да стави крај на војната меѓу проруските сепаратисти и силите на украинската влада на истокот на поранешната советска република.

Блинкен рече дека Вашингтон е подготвен да помогне во тоа, но „ако Русија одлучи да оди по патот на конфликт, последиците ќе бидат сериозни“.

Лавров пред новинарите изјави дека Москва е подготвена за дијалог со Киев.

„Ние, како што рече претседателот (Владимир) Путин, не сакаме никакви конфликти“, рече Лавров.

Тој и Блинкен разговараа околу половина час на маргините на состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) во Стокхолм, што е контакт на највисоко ниво меѓу двете страни од јунскиот самит меѓу Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе