Блинкен: Бевме во контакт со Русија за заканата од нуклеарно оружје, имаме план

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави за телевизијата Си-би-ес дека Вашингтон бил во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба на нуклеарно оружје.

Фото: ЕПА

„Да, бевме во контакт. Многу е важно Москва да слушне од нас и да дознае од нас дека последиците би биле страшни. И ние го кажавме тоа многу јасно“, рече Блинкен во интервју за Си-би-ес, одговарајќи на прашањето дали САД биле во контакт со Русија за заканата од нуклеарна војна.

Како што рече Блинкен, Кремљ има нуклеарен „синџир на команда“, но исто така е неизвесно дали некој би му рекол „не“ на рускиот претседател Владимир Путин кога тој би одлучил да употреби нуклеарно оружје.

Блинкен одби да прецизира како САД ќе одговорат во случај на евентуална употреба на нуклеарно оружје. Само рече дека администрацијата има план.

На новинарско прашање дали тоа е план со кој ќе се спречи трета светска војна, американскиот државен секретар одговори дека американскиот претседател Џо Бајден е решен да спречи ширење на војната во Украина.

Тој посочи дека референдумот за припојување на украинските региони кон Русија никогаш нема да биде признаен.

Според американскиот државен секретар, во моментов нема преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина.

„Нема преговори бидејќи Русија не покажа волја да се вклучи во сериозна дискусија. Ако и кога тоа се промени, ќе направиме сѐ што можеме за да го поддржиме дипломатскиот процес“, рече Блинкен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе