Бивш шеф на ЦИА призна дека низ историјата се мешале во изборите во други земји

Поранешниот директор на ЦИА Џејмс Вулси призна дека САД „се мешале“ во изборите во други земји за да ги заштитат своите интереси. Вулси беше на чело на ЦИА во периодот 1993-95 година.

Фото: ЕПА

Тој изнесе невообичаено искрени признанија за време на интервјуто со водителката на Фокс њуз, Лора Инграхам во саботата. На прашањето: „Дали САД се мешале во изборите во други земји“, поранешниот шеф на ЦИА одговори: „О, веројатно, но тоа беше за доброто на целокупниот систем за да се спречат комунистите да ја преземат власта“.

Вулси ги наведе Грција и Италија во годините по Втората светска војна како примери за тоа како САД интервенирале за да ги спречат комунистичките партии да дојдат на власт. „Ваквите работи ние ги сфаќаме сериозно“, ѝ рече Вулси (80) на водителката.

На нацистичките соработници во Грција познати како „хунта-полковници“ ЦИА им давала по еден милион долари годишно (околу 16 милиони долари денес) за да спречат земјата да потпадне под влијание на Советскиот Сојуз. Грција беше составен дел од воената алијанса НАТО, со тимови што ги уништуваа левичарските групи низ дел од Европа. Грчката комунистичка партија беше забранета, а земјата со децении беше управувана од десничарски диктатури додека востанието конечно не ја собори воената хунта во 1974 година. На прашањето дали САД ќе продолжат да се мешаат во сегашните и идните избори, Вулси се насмеа и рече: „Само за многу добра причина и во интерес на демократијата“.

Признанието на поранешниот шеф на ЦИА доаѓа една недела откако поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон ја потврди вмешаноста на Вашингтон во државни удари, вклучително и плановите за соборување на венецуелската влада. Владата на Венецуела го опиша овој поранешен соработник на Трамп како „психопат“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе