Генералот Филип Бридлав, кој беше врховен командант на сојузниците во Европа од 2013 до 2016 година, рече дека нападот на мостот е оправдан со руската агресија врз Украина од сите страни. „Керчкиот мост е легитимна цел“, рече тој.
Станува збор за мост што ги поврзува градот Керч на Крим и полуостровот Таман во Русија и е исклучително важен за Русија. Долг е 19 километри.
Тајмс пишува дека Русите се подготвуваат за можен украински напад на мостот.
„Русија е агресор. Таа почна напади не само од Украина, туку и од Русија, Белорусија, од Крим... Затоа нема причина некој да се прашува дали е правилно Украина да го нападне мостот и да преземе толку агресивна акција“, рече тој.