Филип Бридлав

Бивш командант на НАТО: Украина со еден потег може да му нанесе разорен удар на Кремљ

Украина би можела да му зададе разорен удар на Кремљ со напад на мостот во Керчкиот теснец, кој го поврзува копното на Русија со Крим, користејќи ги новодоставените ракети Харпун, изјави за Тајмс поранешниот командант на НАТО Филип Бридлав.

Фото: ЕПА

Генералот Филип Бридлав, кој беше врховен командант на сојузниците во Европа од 2013 до 2016 година, рече дека нападот на мостот е оправдан со руската агресија врз Украина од сите страни. „Керчкиот мост е легитимна цел“, рече тој.

Станува збор за мост што ги поврзува градот Керч на Крим и полуостровот Таман во Русија и е исклучително важен за Русија. Долг е 19 километри.

Тајмс пишува дека Русите се подготвуваат за можен украински напад на мостот.

„Русија е агресор. Таа почна напади не само од Украина, туку и од Русија, Белорусија, од Крим... Затоа нема причина некој да се прашува дали е правилно Украина да го нападне мостот и да преземе толку агресивна акција“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе