Гејтс рече дека иако варијантите на ковид-19 делта и омикрон се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Велком траст донираа 300 милиони долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (ЦЕПИ), која помогна во формирањето на програмата Ковакс, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.
Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот на добивање нова вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаква распределба на вакцините.
„Кога станува збор за трошење милијарди за спасување трилиони во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека се работи за прилично добра полиса на осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.
Гејтс рече дека двата големи донатори за развој на вакцини за време на пандемијата на ковид-19, ЦЕПИ и американската влада, биле „храбри“ затоа што инвестирале во развој на потенцијални вакцини.
Професорката Чери Гагандип Канг, член на одборот на ЦЕПИ и виролог на Христијанскиот медицински колеџ во Велоре, Индија, рече дека треба да очекуваме земјите да ги стават своите национални интереси на прво место.
„На остатокот од светот кој не може да си дозволи такви инвестиции му треба некој на нивната страна. А ЦЕПИ е таа организација“, рече Канг.
Џереми Фарар, директор на Велком траст, рече дека ЦЕПИ е создаден пред пет години, по епидемијата на ебола.
„Сега, според мене, живееме во ера на почести и посложени епидемии и пандемии“, рече Фарар.