Бил Гејтс: Цели Соединети Држави мораат во карантин (ВИДЕО)

Коосновачот на Мајкрософт, мултимилијардерот и хуманитарец Бил Гејт гостуваше на Си-ен-ен за да ја коментира пандемијата на коронавирусот и напомена дека затворање една по една држава во САД не е добро решение за спречување на ширењето на заразата.

„Добрата вест е што Кина направи сериозен карантин, поригорозен отколку што ќе направат најдобрите држави во САД. По шест недели почнаа полека да се отвораат и бројот на нови случаи паѓаше. Тоа е многу добра вест. Така кога ќе ги погледнеме нивните бројки и на пример оние во Јужна Кореја, која ја стави ситуацијата под контрола, јасно е дека САД ги чека тежок период. Можеме да воведеме карантин кој исто ќе трае од шест до десет недели, но тоа мора да се случи во целата земја. Мораме драматично да го зголемиме нивото на тестирањата, да ја затвориме земјата и со тоа ќе го намалиме бројот на смртните случаи пред да порасне“.

Колку побрзо САД воведат карантин, и економската штета ќе биде помала, истакна Гејтс.

„Потоа ќе добиеме економски проблем, затоа е пожелно проблемот да се реши во што пократок рок, но да се затвораат држава по држава нема да помогне. Ќе имаме експоненцијален раст на случаите секаде каде што нема да имаме сериозен карантин“.

Некои држави на САД имаат помалку од 200 случаи, но и тие треба да воведат карантин, смета Гејтс.

„Да кажеме дека во моментов во државата имае 100 случаи, но тој број ќе расте за 33 отсто секој ден. Набрзо ќе дојдете и до илјада и до 10 илјади. Зборуваме за експоненцијален раст ако не го сопреме ширењето. Колку побрзо воведете карантин, лесно ќе го надминете растот на случаите. Дури во април ќе го видиме вистинскиот раст“, предупреди Гејтс.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе