Би-би-си: Пет работи кои доведоа до пад на Џонсон

Борис Џонсон пред помалку од три години ги доведе британските конзервативци до најголемата изборна победа од 1987 година.

Фото: ЕПА

Сега британскиот премиер ја загуби поддршката од своите пратеници и е подготвен да поднесе оставка на чело на партијата. Како што вели, се надева дека ќе биде премиер до есен. Би-би-си наведе пет работи кои доведоа до пад на Џонсон.

Аферата Крис Пинчер

Пратеникот Крис Пинчер на 29 јуни, кога бил заменик-претседател на Конзервативната партија бил во приватен клуб на членови во Лондон, а потоа бил обвинет дека пипкал двајца мажи. Тоа довело до серија обвиненија. Пинчер рече дека испил повеќе и се посрамотил. По аферата Пинчер следеле настани кои доведоа до пад на британскиот премиер. Пинчер за слични работи бил обвинет и години пред тоа.

Даунинг стрит првично рече дека Џонсон не бил свесен за конкретните обвинувања против Пинчер пред да го назначи за заменик во февруари. Тоа се покажа како неточно. Лорд Мекдоналд, поранешен висок државен службеник во министерството за надворешни работи, рече дека премиерот бил лично информиран за обвинувањата на Пинчер.

Џонсон подоцна призна дека знаел за случајот во 2019 година и јавно се извини што го ставил Пинчер на местото заменик во Конзервативната партија.

„Партигејт“

Во април оваа година, британскиот премиер беше казнет поради кршење на правилата за карантин откако присуствуваше на собир по повод неговиот роденден во јуни 2020 година. Џонсон се извини што отишол на забава во Даунинг стрит за време на првиот карантин.

Полицијата издаде 126 казни за 83 лица поради кршење на правилата за карантин во Даунинг стрит и Вајтхол. Високата државна службеничка Сју Греј напиша во извештај дека голем број политичари ги кршеле правилата за карантин. „Раководството на партијата мора да одговара за ваквото однесување“, напиша Греј.

Минатиот месец Џонсон пред комисијата на Долниот дом на британскиот Парламент изјави дека тој и неговите колеги ги почитувале сите упатства. Сега комисијата истражува дали премиерот свесно го довел во заблуда Парламентот.

Трошоци за живот и даноци

Инфлацијата нагло порасна во 2022 година, а моменталната стапка на инфлацијата во Велика Британија е 9,1 отсто. Руската инвазија на Украина предизвика поскапување на храната и нафтата.

Владата на Џонсон презеде некои чекори за помош, како што е намалување на данокот на гориво за пет пени по литар, но даночните зголемувања продолжија во април. Исто така, националното осигурување се зголеми за 1,25 пени.

Владата рече дека со зголемувањето на даноците ќе се исплати здравствената и социјалната заштита. Иако промените кои стапија на сила оваа недела ги олеснија работите за граѓаните, секој што заработува над 34.000 фунти годишно, сепак ќе плаќа повеќе. Владата на Џонсон беше критикувана затоа што среде највисоките трошоци за живот одлучи да ги зголеми даноците на работниците.

Суспензија на Овен Патерсон

Во октомври 2021 година, Комитетот на Долниот дом препорача 30-дневна суспензија за тогашниот конзервативен пратеник Овен Патерсон.

Комитетот рече дека Патерсон ги прекршил правилата за лобирање во корист на компаниите што му плаќале.

Конзервативците, на чело со Џонсон, ја прекинаа неговата суспензија и формираа комитет за преглед на начинот на кој е спроведена истрагата. Петерсон на крајот поднесе оставка.

Недостаток на идеи

Џонсон го освои своето мнозинство благодарение на јасната политика кон завршувањето на брегзит. Критичарите на Џонсон велат дека оттогаш на премиерот му недостигаат идеи и фокус.

Многумина се сомневаа во филозофијата на Џонсон и се прашуваа дали воопшто постои. Во јуни, конзервативниот пратеник и поранешен министер Џереми Хант го обвини Џонсон за недостаток на интегритет, визија и компетентност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе