Берлин дозволи постепено отворање на сексуалната индустрија

Градските власти на Берлин се договорија дека постепено ќе ги попуштаат мерките во секс-индустријата и покрај пандемијата, а платените сексуални услуги повторно се на понуда од саботата.

EPA-EFE

За полов однос клиентите сепак ќе мора да причекаат до 1 септември, по што таквите услуги ќе бидат дозволени само со строги хигиенски правила, соопштија денес градските власти по одлуката на пратениците во регионалниот парламент.

Во првата фаза ќе бидат отворени местатакако на пример студијата за сексуална доминација.

Сексуалната индустрија беше забранета во Германија од средината на март во рамки на напорите за сузбивање на пандемијата на коронавирусот.

Одлуката на берлинските регионални власти индустријата повторно да се придвижи е донесена од „перспектива на здравјето, но и од женска перспектива“, се додава.

Во спротивно, „постои ризик погодените лица од забраната да станат економски зависни од други и тајно да ја работата таа работа во услови опасни по своето здравје“.

По напорите на почетокот на пандемијата да се усогласи националниот одговор со цел сузбивање на заразата, во изминатите месеци 16-те германски сојузни држави самите решаваат за ограничувањата против коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе