Хрватска доби едногласна поддршка за влез

Берлин: Блокирањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната е лош ден за Европа

Блокирањето на влезот на Романија и Бугарија во Шенген зоната по приговорите на Австрија претставува лош ден за Европа, кажа германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

EPA-EFE

На денешната средба на состанокот на министрите за внатрешни работи на државите членки на Европската Унија Хрватска доби едногласна поддршка за влез во Шенгенскиот простор, додека за Бугарија и Романија немало консензус, поради противењето на Австрија и Холандија.

„До последниот момент се боревме да обезбедиме Бугарија и Романија да бидат примени во Шенген зоната“, кажа Бербок на конференција за новинарите во Даблин.

Кажа дека тоа е повеќе од погрешно во европска, но и во геополитичка смисла.

„Наместо да се гордееме што сме постигнале добар и силен ден за Европа, мораме да потврдиме дека ова е лош ден за Европа“, истакна Бербок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе