„Во тек е војна“

Белоруски министер: Полицијата ќе пука ако биде потребно

Министерот за внатрешни работи на Белорусија Јури Караев предупреди дека властите нема да се колебаат да наредат употреба на боева муниција против демонстрантите.

EPA-EFE

Како што кажа, тоа ќе се случи ако биде неопходно да се задушат протестите против реизборот на Александар Лукашенко за претседател, кои траат веќе повеќе од два и пол месеци.

„Во тек е војна. Имаше и отворено и несомнено вршење притисок, поттикнат од недостигот на страв“, кажа Караев во вчера објавеното интервју на каналот Јутјуб.

Тој смета дека полицијата била премногу толерантна кон учесниците на протестите и порача дека ќе заземе поостар став.

Караев истакна дека голем број полицајци биле повредени за време на протестите, кои избија веднаш по изборуте.

Истакна дека полицијата ќе продолжи да користи главно несмртоносно оружје, но предупреди дека ќе употреби огнено оружје ако се соочи со насилна реакција на демонстрантите.

„Еден полицаец беше речиси убиен, го давеле, а тој само испукал предупредувачки истрели во воздух“, кажа Караев, додавајќи дека им пренел на полицајците дека нивните животи зависат од тоа „колку брзо ќе го повлечат пиштолот“.

Во посебно соопштение, државниот обвинител на Белорусија соопшти дека неговата канцеларија отворила 657 истраги за насилство врз полицијата. Додаде дека некои од тие истраги вклучуваат обвиненија за тероризам.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе