Нов начин на протест

Белорусинките споделуваат слики во хулахопки во знак на солидарност со уапсената убавица (ФОТО)

Штитови, солзавец и сега, долна облека! Опозиционерките во Белорусија освен маршот за граѓански права сега постираат хулахопки во нова кампања на социјалните мрежи за да покажат солидарност со затворената манекенка.

Фото: Инстаграм

Олга Хижинкова, која во 2008 година беше прогласена за Мис на Белорусија, беше уапсена во ноември на еден од масовните протести во земјата против мошне критикуваниот лидер Александар Лукашенко. Таа беше осудена за низа обвиненија во врска со учество во неодобрен протест. Поранешната мис требаше да биде ослободена минатиот петок, но нејзиното семејство, кое чекаше пред притворниот центар, рече дека на казната ѝ се додадени дополнителни девет дена и дека нејзиното ослободување е спречено.

Во знак на поддршка за Хижинкова, активистките ја преместија својата борба од улицата кон подискретната зона на социјалните медиуми, споделувајќи слики на кои носат хулахопки, заедно со хаштагот „Јас сум Олга Хижинкова“.

Многумина се сликани со омотот на хулахопките на кои има фотографија од манекенката. Една корисничка, објавувајќи дел од своите мрежести чорапи пред црвено-белото протестно знаме што го користеше опозицијата, рече дека се надева за промена во земјата „каде што човечкиот живот не вредеше ништо и можеше за миг да се уништи за да се задоволи расипаниот систем“.

Белорусија во последните месеци е парализирана од протести, откако Лукашенко прогласи победа на претседателските избори во август, за кои опозицијата и многу меѓународни организации тврдат дека биле наместени во негова корист. Оттогаш десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да бараат нови избори, а жените играа централна улога во тоа: честопати им даваа цвеќе на полицајците или се фрлаа околу колегите активисти за да го спречат нивното апсење.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе