Белград: Зад соништата на Курти се крие фашистичката идеја за голема Албанија

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ кажа дека косовскиот премиер Аљбин Курти потврди дека неговата главна цел е големоалбанскиот проект.

EPA-EFE

Кажа дека зад неговите соништа за една и единствена албанска држава на Балканот „не крие ништо друго освен фашистичката идеја за таканаречена голема Албанија“.

Смета дека од тука и доаѓа незаинтересираноста на Курти за дијалог со Белград, која претставува негово чисто понижување на Брисел кога иронично кажува дека би можел да направи отстапка и од седмото место да го стави дијалогот на четврто место според приоритетот.

„Курти со својот најнов повик за создавање таканаречена голема Албанија потврди дека албанското национално движење на Косово и Метохија никогаш немало врска со човековите права и позицијата на албанското малцинство во Србија, туку дека неговата суштина е соголен сепаратизам“, наведе Петковиќ.

Додаде дека е бесмислено повикувањето на Курти на потребата од посилна поврзаност со Албанија, бидејќи ако тој тоа навистина го сака би ја поддржал и не би ја отфрлал иницијативата „Отворен Балкан“, чија цел е, како што кажа, поврзување на државите и народите во регионот, но со зајакнување на довербата, легални и мирољубиви средства.

„Зад сонувањето на Курти за една и единствена албанска држава на Балканот не се крие ништо друго освен фашистичката идеја за таканаречена голема Албанија, која во својата срж го содржи концептот за национална супремација на Албанците и конфронтација со сите соседни народи“, истакна Петковиќ.

Кажа дека „инфантилната потреба за прекројување на границите на Балканот на Курти би била смешна доколку не е проследена со неговата опасна патолошка потреба да се заканува со насилство и да си игра војсководец“.

„Уште еднаш ја предупредуваме меѓународната заедница, додека сè уште не е доцна, да застане на патот на екстремизмот на Аљбин Курти и за почеток за изврши најрешителен притисок неговите фаланги да се повлечат од северот на Косово и Метохија“, заклучи Петковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе