Белград: Србија нема да се бори сама против аспирациите на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ кажа дека разгледувањето на барањето на Приштина за прием во Советот на Европа би било во директна спротивност со најмалку два члена на Статусот на организацијата.

EPA-EFE

Тоа би било и спротивно на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и би бил акт директно насочен против територијалниот интегритет на Србија, но и единството на Советот на Европа како паневропска организација.

„Доколку има развој на ситуацијата во таа насока, ние со сите политички средства ќе се бориме против тоа и уверен сум дека во таа борба нема да бидеме сами“, порача Селаковиќ по учеството на состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа во Торино.

Шефот на српската дипломатија истакна дека е неточна секоја аргументација дека Косово е „црна дупка“ во Европа, каде не е присутен Советот на Европа со сите вредности кои ги застапува.

Тој истакна дека меѓу претставниците на државите членки на Советот на Европа имало и такви кои непринципиелно зборувале за почитувањето на територијалниот интегритет на некои европски држави, а други, чиј територијален интегритет е нарушен, како Србија, не ги ни спомнале.

„Во моите директни контакти со нив, тие немаа никакви аргументи освен директното игнорирање на цврстите и јасни аргументи на Србија“, заклучи Селаковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе