Белград му одговори на Курти

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ му одговори на косовскиот премиер Аљбин Курти дека неговото обраќање на српски јазик нема да го скрие фактот дека Приштина е на праг на енергетски колапс.

EPA-EFE

„Тоа што Аљбин Курти по цел ден снима видео материјали на српски јазик, а Џељаљ Свечија ноќе се слика за социјалните мрежи на северот на Косово и Метохија нема да го скрие фактот дека Приштина е на праг на енергетски колапс, со рестрикција за 90 отсто од потрошувачите на дневно ниво и до 7 часа. Токму за да ја скрие катастрофалната состојба со енергетиката, Курти на денот на почетокот на спроведувањето на договорот продолжува да се заканува со укинување на КМ регистарските таблички. Му порачувам на Курти дека како што ги зачувавме српските лични карти на Косово и Метохија, ќе се избориме и за КМ регистарските таблички“, кажа Петковиќ.

Тој порача дека повеќе ни Албанците не наседнуваат на антисрпската хистерија на Курти, со која сака да го прикрие своето неспособно управување со енергетската криза, затоа што луѓето на Косово сакаат да имаат струја на почетокот на грејната сезона.

„Особено во контекст на обидите на Приштина да го криминализира северот, заканувајќи се без основа, докази и аргументи со апсења. Ако мислеа на тој начин да ги уплашат Србите, гадно се измамија. Додека Приштина во грч се обидува да ги скрие своите лоши резултати и смислува пакости, во Белград во рамки на иницијативата Отворен Балкан се одржува најголемата винска манифестација во овој дел од Европа со која ги покажуваме вредностите на соработката, економското поврзување, што во Приштина се непознати зборови“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе