Бела Чао стана протестна химна, се пее во Украина, Иран, Хонг Конг, Израел (ВИДЕО)

Од Украина до Чиле, демонстрантите низ светот веќе долго време на собирите ја пеат италијанската песна „Бела чао“. Во последниве денови таа почна да се пее во знак на солидарност со жените во Иран.

Фото: ЕПА

Песната „Bella ciao“ („Збогум убавице“) е италијанска протестна народна песна од крајот на 19 век, оригинално пеена од работниците на Мондина во знак на протест против суровите работни услови во полињата во северна Италија. Се пеела во Италија за време на Втората светска војна и стана симбол на отпорот кон фашистите.

Оттогаш, таа стана глобален повик за обединување, па така и знак за поддршка на Иранците, кои протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини, откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран бидејќи, според нивно мислење, не го носела правилно хиџабот.

На почетокот на протестот, вирално стана видеото на една пејачка, која изведува верзија на таа песна на персиски со откриена глава во знак на пркос против задолжителното носење хиџаб во Иран.

Оттогаш, песната Бела чао ја пеат поддржувачи на протестот, вклучително и Курдките во Турција и иранските емигранти во Париз.

„Иако долго време се поврзува со италијанските партизани, нема докази дека тие навистина некогаш ја пееле“, вели Карло Пестели, автор на книгата „Бела Чао: Песната на слободата“. Но сигурно е дека песната стана популарна за време на војната, вели тој.

Своите корени ги има во музичката традиција на северна Италија од 19 век, која се карактеризира со страсни теми, особено неостварена љубов.

„Тешко е да се каже точно кои се нејзините корени“, изјави Пестели за АФП.

Нејзините двосмислени стихови ѝ овозможија да биде усвоена во многу случаи, рече тој.

„Не беше комунистичка песна, туку манифест за слобода... Претставува аполитички вредности, кои секој може да ги разбере и сподели“, додаде Пестели.

Таа е исто така „лесна песна за пеење“, со рефрен што лесно се памети, кој може да го пеат дури и оние што не зборуваат италијански.

Глобалниот досег на песната е поттикнат од популарните интерпретации, вклучително и од француската ѕвезда Ив Монтан, а неодамна беше испеана и во хитот на Нетфликс „Грабеж“.

Може да се слушне каде и да се собираат толпи, од улиците на Њујорк до Хонг Конг и Атина.

Украинците годинава ја пеат во пркос на руските сили, на неа танцуваа демонстрантите во Триполи, ја пееја англиските фудбалски навивачи, а климатските активисти од Сиднеј до Брисел ја користат како повик за акција.

Во Рим и Париз, Бела чао беше емотивно опеана на балконите за време на карантинот во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

За многумина, историјата на песната е помалку важна од нејзиното глобално влијание.

„Оваа песна е многу позната во Иран и во целиот свет, бидејќи е симбол против угнетувањето“, рече Масах, 29-годишен Иранец, емигрант кој учествуваше на протестот за солидарност за Махса Амини во Рим оваа недела.

Иако стиховите често се преведуваат, рефренот обично се пее на италијански, иако малку изменет.

Во Ерусалим минатата година, демонстрантите против тогашниот премиер Бенјамин „Биби“ Нетанјаху пееја „Биби Чао“ повикувајќи на негово заминување.

Во 2019 година, демонстрантите против режимот во Ирак пееја своја верзија на песната „Блаја Чара“, што значи „нема излез“ на ирачки дијалект.

„Кога ја пееме, се чувствуваме поповрзани со целиот свет“, додаде сестрата на Масах, Шива (33), на протестот за Махса Амини во Рим.

„Музиката е форма на изразување што ви овозможува да комуницирате дури и ако не знаете други јазици.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе