Откако „заглавил“ во сообраќај низ Лондон

Бајден задоцнил на погребот на кралицата, па морал да чека на влезот (ВИДЕО)

Американскиот претседател и првата дама морале да чекаат да помине поворката британски херои одликувани за храброст.

Можеби е најмоќниот човек во светот, но затоа што задоцниле, на американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил не им било дозволено да ја нарушат прецизно осмислената кореографија на погребот на кралицата Елизабета Втора, вели Гардијан.

Наместо веднаш да бидат доведени до нивните седишта кога влегле во Вестминстерската опатија, на првата двојка на САД, на возраст од 79 и 71 година, учтиво им било кажано дека ќе треба да стојат и да чекаат додека да помине поворката од крстоносци на Џорџ и Викторија.

По непријатниот период на муабетење на главниот влез, додека минувале наградените со највисоките одликувања за воена храброст, на Бајденови конечно им било дозволено да тргнат кон своите седишта.

На американскиот претседател му била дадена дозвола до опатијата да допатува во „Ѕверот“, тешка оклопна лимузина што американските претседатели ја користат од безбедносни причини, наместо да биде однесен со автобус до опатијата со другите шефови на држави и влади.

Снимките од камерите споделени на социјалните мрежи покажаа дека Бајденови бавно напредувале низ центарот на Лондон, дури и за момент биле принудени да запрат.

Откако стигнале рака под рака, Бајденови конечно седнале на своите места во опатијата во 10.05 часот по локално време. Според распоредот објавен од Бакингемската палата, 500-те поканети високи гости требало да седнат помеѓу 9.35 и 9.55 часот.

Можеби затоа што не сакале да се возат во автобусите со кои биле одведени другите лидери од собирното место, на Бајденови им биле дадени седишта 14 реда назад во јужниот дел на опатијата.

Американскиот претседател седнал зад Анджеј Дуда, претседателот на Полска, и пред Петр Фиала, премиерот на Чешка. Седејќи лево од својот сопруг, Џил Бајден седела до Игнацио Касис, претседателот на Швајцарија.

Посебниот третман што го барала Белата куќа и не бил најголемиот проблем со кој се соочил војводата од Норфолк, кој бил задолжен за планирање на погребот.

Додека одлуката на де факто владетелот на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман, да не дојде на погребот спасила неколку штетни наслови во медиумите, одлуката да биде поканет посрамениот поранешен крал на Шпанија Хуан Карлос и потоа да биде седнат до својот син, кралот Фелипе Шести и неговата сопруга, кралицата Летиција, се чини ќе ги отежни работите за шпанското кралско семејство кога ќе се вратат дома.

Фелипе (54) дојде на тронот кога неговиот татко абдицираше во 2014 година, поради намалената популарност. 84-годишникот, кој изгледаше изнемоштено и мораше да се потпира на помошникот, поголем дел од своето време поминува во самонаметнат егзил во Абу Даби по серијата скандали поврзани со неговите финансии, кои кулминираа со тоа што Фелипе му ги одзеде годишната стипендија и личното наследство.

Во опатијата беа собрани членови на кралски семејства и светски лидери што не се видени со децении. Меѓу присутните беа и јапонскиот император, Нарухито, кој ретко патува во странство, и царицата Масако, која главно отсуствува од јавноста откако страдаше од она што царската агенција го опиша како „нарушено приспособување“ по раѓањето на нивното дете, принцезата Аико.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе