Во првото интервју по победата на изборите, Бајден им порача на Американците дека пред нив не е „трет мандат на Обама“ и вети дека ќе го претставува целиот спектар на земјата. Во интервјуто за Ен-би-си њуз, Бајден кажа дека предизвиците пред него се единствени.
„Ова не е трет мандат на Обама. Ние сме соочени со сосема поинаков свет отколку што беше во времето на Обама-Бајден администрацијата. Претседателот Трамп смени сè“, кажа Бајден.
Тој порача дека неговата администрација ќе го претставува „спектарот на американскиот народ но и спектарот на Демократската партија“ и додаде дека размислува и за поставување републиканци кои гласале за Трамп во својата влада.
„Сакам оваа земја да биде обединета“, кажа Бајден и порача дека нема намера да го користи правосудниот систем за да ги истражува Доналд Трамп и неговите советници, и покрај притисокот од некои демократи да ги истражи неговите финансии и наводите дека барал странско мешање во изборите. Кога Трамп ќе ја напушти функцијата во јануари, ќе ја изгуби уставната заштита од кривично гонење која му е доделена на актуелниот претседател.
Но Бајден кажа дека повеќе би сакал неговата администрација да избегнува конфликти. „Постои цела низа истраги на државно ниво. Не постои ништо што можам или не можам да направам по тоа прашање“, кажа Бајден.
Тој додаде и дека Трамповата администрација почнала „искрен“ трансфер на власта.
„Администрацијата веќе почна да подготвува дневни извештаи кои ќе ги добивам како претседател. Исто така, договараме средба со ковид тимот во Белата куќа за да ги договориме условите околу дистрибуцијата на вакцината која треба да им биде достапна на сите луѓе“, кажа Бајден.
“President Trump has changed the landscape. It’s become America first, which meant America alone.”
— Sky News (@SkyNews) November 25, 2020
President-elect Joe Biden has spoken to NBC News, sharing his thoughts on the impact of the Trump administration.
Read more from the interview here: https://t.co/Kv9RBGJyeE pic.twitter.com/trxrJspRsP