Бајден вели дека ќе употреби сила но само како последно средство против Иран

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе употреби сила како последно средство за да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, на почетокот од своето патување на Блискиот Исток.

Фото: ЕПА

Говорејќи во интервју за израелската телевизија Канал 12, кое беше снимено пред да замине од Вашингтон во вторникот но беше емитувано во средата, Бајден рече дека ќе ја задржи иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) на списокот на американските странски терористички организации (ФТО) дури и ако со тоа го уништи нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.

На прашањето дали неговите претходни изјави, во кои тој рече дека ќе го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје, значат дека ќе употреби сила против Иран, Бајден одговори: „Ако тоа е последно средство, да“.

Иран негира дека сака да развие нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за мирољубиви цели.

Во 2015 година Техеран склучи договор со шест големи сили што ја ограничи неговата нуклеарна програма во замена за ослободување од економските санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од договорот во 2018 година и повторно воведе строги санкции кон Иран, што го натера Техеран да започне со кршење на нуклеарните ограничувања од договорот околу една година подоцна.

Досегашните напори за заживување на договорот не успеаја.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе