„Неопходни се смели инвестиции“

Бајден претстави нов пакет за помош, за Американците чек на 1.400 долари

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден претстави предлог за стимулативен пакет, наведувајќи дека се неопходни смели инвестиции за да се придвижи економијата и да се забрза дистрибуцијата на вакцините, за коронавирусот да се стави под контрола.

EPA-EFE

Бајден во 2020 година водеше кампања заснована на ветувањето дека пандемијата ќе ја сфати посериозно од претседателот во заминување Доналд Трамп, а целта на пакетот што го претстави е токму преминување од зборови на дела, со тоа што ќе обезбеди прилив на средства за одговор на ковид-19 и економско заздравување.

„Криза на длабоко човечко патење ни е пред очите и нема време за губење. Мора да стапиме во акција“, кажа Бајден за време на обраќањето од Делавер. Пакетот за помош вклучува 415 милијарди долари за поддршка на одговорот на вирусот и дистрибуција на вакцините против ковид-19, околу 1.000 милијарди за директни исплати на американските домаќинства и околу 440 милијарди за малите и средни претпријатија и заедниците особено тешко погодени од пандемијата.

Чековите за семејствата би требало да бидат по 1.400 долари за лице, покрај веќе исплатените 600 долари по лице кои Американците ги добија од претходниот пакет за помош кој го усвои Конгресот. Дополнителното осигурување за невработените исто така би се зголемило од 300 на 400 долари неделно и би продолжило до септември.

Претставници на транзицискиот тим наведоа дека Бајденовиот план ќе биде пакет за помош по кој ќе следи уште еден сличен пакет за неколку недели.

Според овој план, мораториумите на одземање куќи и иселување би требало да се продолжат до септември и да опфатат и средства за плаќање кирија и помош во плаќањето комуналии.

Новоизбраниот претседател побара од Конгресот да ја крене минималната цена на трудот на 15 долари на час, а пакетот треба да опфати и помош за борба против гладот.

„Знам дека сето ова што го опишав не е евтино, но доколку не го направиме тоа, ќе нè чини и повеќе“, кажа Бајден додавајќи дека економистите, финансиските институции и банките на Волстрит ја поддржуваат потребата за стимулирање.

„Доколку инвестираме сега – смело, паметно, со непоколеблив фокус на американските работници и семејства – ќе ја зајакнеме својата економија, ќе ја намалиме нееднаквоста и ќе ја поведеме долгорочната финансиска стабилност на нацијата по најодржливиот пат“, кажа Бајден.

Новоизбраниот претседател на САД веќе постави цел во првите 100 дена од новата администрација, по 20 јануари кога ќе ја преземе функцијата, да дистрибуира 100 милиони дози од вакцините, а се очекува неговиот план да опфати и финансиски средства за да се прошири кампањата на вакцинирање.

„Ќе биде тоа една од најтешките операции кои некогаш сме ги презеле како нација“, кажа Бајден.

Отповикувањето на претседателот во заминување Трамп во Претставничкиот дом се заканува да го згусне календарот на Сенатот, но Бајден изрази надеж дека Сенатот ќе може да направи баланс меѓу процесот на импичмент и другите приоритети.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе