За првпат во историјата

Бајден позицијата советник за наука ја крена на ранг на член на владата

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден кажа дека „науката секогаш ќе биде во прв план во неговата администрација“ и ја крена позицијата советник за наука на ранг на член на кабинетот, што е првпат во историјата.

EPA-EFE

Бајден, кој денес треба да го претстави својот тим, изјави дека научници „ќе обезбедат дека сè што се прави е засновано на науката, фактите и вистината“.

Кандидатот за директор на канцеларијата за наука и технологија и советник за наука е Ерик Лендер, еден од пионерите во полето на мапирање на човечкиот геном.

Актуелниот советник за наука на Белата куќа е метеоролог.

Бајден наведе и дека соработникот на Лендер, Френсис Колинс ќе остане на челото на Националните здравствени институти.

Лендер предава биологија на Харвард и МИТ, а неговиот избор во владата мора да биде потврден во Сенатот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе