Бајден го прими во Белата куќа 83 годишниот прогресивен судија Браер кој заминува во пензија. Заминувањето на Браер е значаен настан за Бајден кој ќе може да го оствари ветувањето и да именува црна жена во таа моќна институција.
Демократскиот претседател кој го даде ова ветување за време на изборната кампања кажа во говорот посветен на судијата Браер во Белата куќа дека сè уште не одлучил кого ќе именува на местото на Браер.
„Лицето кое ќе го именувам ќе има извонредни квалификации, личност, искуство и интегритет. И тоа лице ќе биде првата црна жена именувана во Врховниот суд“, кажа Бајден.
Со тоа што ќе именува кандидатка помлада од Браер ќе му овозможи на Бајден барем на неколку години да го задржи актуелниот однос на силите во Врховниот суд на САД, каде има шест конзервативни и тројца прогресивни судии.
Според американскиот устав деветте члена на Врховниот суд ги именува претседателот доживотно, а им се потврдува именувањето во горниот дом на Конгресот, Сенатот.
Врховниот суд игра голема улога во САД. Тој одлучува за многу големи прашања во општеството.