Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Јапонија одржа воведен говор на самитот на Квад, на кој учествуваат и лидерите на Индија, Австралија и Јапонија, и ја истакна важноста на сојузништвото во контекст на руската инвазија на Украина.

EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја“, рече Бајден.

„Руската брутална и со ништо испровоцирана војна против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече тој.

Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина „се обидува да ја згасне целата култура“ и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи.

Соединетите Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и „да го предводат глобалниот одговор“ на руската инвазија.

Американскиот претседател го повтори својот став дека се работи за „момент на трансформација“ за целиот свет, односно на прашањето дали ќе надвладеат демократиите или автократиите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе