Вашингтон

Бајден: „Никогаш не сум видел толку неодговорна администрација“ (ВИДЕО)

Демократскиот кандидат на претседателските избори Џо Бајден повторно го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за начинот на кој се справува со здравствената криза.

Screenshot

Бајден за американската администрација рече дека е неодговорна.

Зборувајќи за признанието на Трамп дека, иако бил свесен за сериозноста, тој јавно го намалувал значењето на влијанието на вирусот, Бајден оцени дека тоа е речиси „криминален одговор“ на администрацијата.

Пандемијата не била само главна тема на вечерта, туку била и причина за необичниот формат на настаните недалеку од родниот град на Бајден, Скрентон, Пенсилванија.

Публиката настанот го следела од автомобили паркирани на соодветна далечина.

„Никогаш, никогаш не сум помислувал дека ќе видам толку неодговорна администрација“, им порача Бајден на насобраните, одговарајќи на прашањата.

Настанот бил можност Бајден за прв пат откако е номиниран за претседателските избори да одговора на прашањата на гласачите во живо.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе