Бајден му порача на Путин да преземе акција против руските сајбер-криминалци

Американскиот претседател Џозеф Бајден му порача на рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше по телефон, дека мора да „преземе акција“ против сајбер-криминалците што работат во неговата земја и дека Соединетите Држави го задржуваат правото „да го бранат својот народ и својата клучна инфраструктура“, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Разговорот се случил помалку од еден месец по средбата на двајцата лидери во Женева, кога Бајден го предупреди Путин да се престане со сајбер-нападите врз американски компании, за кои се верува дека повеќето доаѓаат од Русија.

Последниот напад со рансомвер, кој се случи минатиот викенд, беше поврзан со хакерската група РЕвил, со седиште во Русија.

Белата куќа наведе дека „Бајден ја нагласи потребата Русија да преземе мерки за попречување на рансомвер-групите што дејствуваат во Русија и истакна дека тој е посветен на континуиран ангажман на пошироката закана што ја претставува рансомвер“.

Бајден повторил дека Соединетите Држави ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го одбранат својот народ и својата инфраструктура, додаде Белата куќа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе