Бајден ќе се кандидира за претседател и во 2024

Американскиот претседател Џо Бајден има намера да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Фото: ЕПА

„Да, тоа е неговата намера“, им рече Псаки на новинарите.

Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, наведува Ројтерс.

Според најновата анкета на Универзитетот Квинипијак, работата на претседателот Бајден ја поддржуваат само 36 отсто од Американците, што е најнизок процент досега во испитувањето на јавното мислење за Бајден, наведува Си-ен-ен.

Најлошиот рејтинг на претходникот на Бајден, Доналд Трамп изнесувал 37 отсто во јануари 2019 година според анкетата на Галуп, додека работата на претседателот Барак Обама најмалку Американци, 40 отсто од нив, ја поддржале во август 2011 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе