Бајден: Ќе префрлиме трупи во Источна Европа, но не станува збор за многу војници

Американскиот претседател Џо Бајден кажа вчера дека САД набрзо ќе разместат војници во земјите на Источна Европа кои се членки на НАТО.

EPA-EFE

„Ќе префрлиме американски трупи во Источна Европа, во земјите од НАТО, во блиска иднина. Не станува збор за многу војници“, им кажа американскиот претседател на новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од Пенсилванија.

На прашањето дали има нови информации за ситуацијата во Украина, Бајден одговори: „Не во последните неколку часа“.

Пентагон стави околу 8.500 американски војници во состојба на готовност за можно распоредување во Европа среде тензиите со руската војска во близина на украинската граница.

Претходно неделава портпаролот на Пентагон Џон Кирби кажа дека САД се спремни да испратат 8.500 војници во Европа, но конечна одлука за тоа сè уште не е донесена. Според него, станува збор за борбени, извидувачки, воздухопловни, санитетски и транспортни единици.

Кирби во вторникот за Си-ен-ен објасни дека САД не планираат да распоредат своите трупи во Европа надвор од териториите на земјите членки на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе