В четврток

Бајден ќе ги прими шведската премиерка и финскиот претседател

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден в четврток во Белата куќа ќе ги прими шведската премиерка Магдалена Андерсон и финскиот претседател Саули Нинисто, соопшти портпаролката на Бајден, додека двете земји забрзано се подготвуваат да му се приклучат на НАТО.

„Ќе разговараат за кандидатурите на Финска и на Шведска за членство во НАТО и за европската безбедност, како и за помошта на Украина, која е нападната од Русија“, рече Карен Жан-Пјер.

Финскиот парламент во вторникот се изјасни за приклучување кон НАТО со големо мнозинство од повеќе од 95 отсто гласови, со што беше овозможено Хелсинки во седиштето на Северноатлантскиот сојуз да прати формално барање за членство.

Истиот ден шведската министерка за надворешни работи Ан Линде го потпиша барањето на својата земја за членство во НАТО.

Бајден со примањето на челниците на двете нордиски земји сака да покаже дека силно го поддржува нивниот прием во Северноатлантскиот сојуз.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина од корен го смени јавното мислење спрема придружувањето на воениот сојуз.

Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на овие две земји. Жан-Пјер кажа дека администрацијата на Бајден верува дека НАТО ќе постигне консензус во врска со примањето на Финска и на Шведска.

САД се спремни да им понудат на Шведска и на Финска безбедносни гаранции за време на пристапниот процес.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе