Бајден ѝ се обрати на јавноста: Сите патници во САД ќе мораат во карантин по пристигнувањето (ВИДЕО)

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод претставувањето на планот за борба против пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

„Ќе ги поместиме небото и земјата за бесплатно да вакцинираме што е можно повеќе Американци. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Помошта доаѓа. Мојот план е заснован на науката, а не на политиката“, кажа Бајден на почетокот.

„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не дејствуваше итно, со фокусот и координацијата кои ни се потребни во борбата со пандемијата, а потоа ја плативме цената“, кажа, додавајќи дека Америка во последните недели бележи меѓу 3 и 4 илјади смртни случаи дневно.

„Состојбата ќе биде многу полоша пред да стане подобра. Податокот е дека 20 отсто од смртните случаи во целиот свет отпаѓаат на САД, иако нашата земја сочинува само 4 отсто од светската популација“, кажа Бајден.

Тој апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“, кажа тој.

Додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу американските сојузни држави, а сите патници кои во САД доаѓаат од други земји ќе мораат во карантин по пристигнувањето.

Предупреди дека до следниот месец бројот на умрените од ковид-19 во САД ќе помине половина милион.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе