Бајден и Ердоган ќе се сретнат во Мадрид

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на НАТО оваа недела во Мадрид, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Белата куќа соопшти дека лидерите на самитот во Мадрид кој започнува денеска ќе донесат „историски одлуки за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател потврди дека ќе се сретне со американскиот претседател на самитот на лидерите на НАТО оваа недела.

Ердоган на прес-конференција во Анкара пред заминувањето за Шпанија рече дека Бајден изразил желба повторно да разговара вечерва или утре и дека турската страна изјавила дека тоа е можно.

Тој рече дека ќе разговара за барањето на Турција за напредни авиони Ф-16, но додаде дека во прашање е „тактика на диверзија“. Турција ги нарача и делумно ги плати тие авиони, но Вашингтон го раскина договорот кога Турција го набави рускиот противвоздушен систем С-400. Ердоган е лут поради американските воени бази во Грција и рече дека САД се опседнати со турската набавка на ракети С-400 од руско производство.

Тој потврди и дека планира да се сретне со лидерите на Шведска и Финска, заедно со генералниот секретар на НАТО, за да продолжат разговорите за противењето на Турција на барањата за членство на овие две нордиски земји.

Тој рече дека доколку Шведска и Финска сакаат да станат членки на Алијансата, треба да ја земат предвид загриженоста на Турција. Анкара се противи на влезот на Шведска и Финска во Алијансата наведувајќи го нивниот благ пристап кон групите кои Турција ги смета за закана за нивната национална безбедност.

Поддршката на САД за сириските Курди во борбата против Исламската држава исто така, со години ја лути Турција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе