Ако рускиот лидер покаже интерес

Бајден е спремен да разговара со Путин за Украина

Покажувајќи обединет фронт за време на државната посета, американскиот претседателот Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ја потврдија својата поддршка за Украина пред студената зима, која ќе биде тест за Алијансата, вели Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „спремен да разговара“ со Владимир Путин за војната во Украина, доколку рускиот лидер покаже интерес деветмесечниот конфликт да заврши.

„Подготвен сум да разговарам со господинот Путин доколку тој одлучи дека бара начин да ја заврши војната“, рече Бајден, додавајќи дека тоа ќе го стори само откако ќе се консултира со сојузниците во НАТО.

Оваа спремност, искажана на прес-конференција во Вашингтон за време на билатералниот самит со францускиот претседател Емануел Макрон, е најдалечната точка до која отишол Бајден изразувајќи отвореност да разговара со Путин за војната, вели Фајненшл тајмс.

Американскиот претседател рече дека нема „конкретни планови“ да контактира со рускиот лидер, додавајќи дека не видел никакви знаци од Путин дека е подготвен да ја доведе војната до крај.

„Тој сè уште не го направил тоа. Ако е така, во консултација со моите пријатели од Франција и НАТО, со задоволство ќе седнам со Путин за да видам што има тој на ум“, рече Бајден.

Тензиите меѓу САД и Европа се зголемија во последните недели.

Војната во Украина ѝ нанесува подлабока економска штета на Европа отколку на САД со наглото зголемување на цените на енергијата откако Русија сериозно го ограничи извозот на природен гас што им е потребен на домаќинствата и компаниите низ ЕУ.

Во меѓувреме, европските земји добија нож во грб со Бајденовиот закон за климата, познат како Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), и неговите стимулации од 400 милијарди долари за финансирање на транзицијата кон зелена енергија. Франција беше меѓу неговите најгласни критичари, тврдејќи дека неправедно ја уништува конкуренцијата со резервирањето даночни кредити и субвенции за американските компании, што ризикува да доведе до губење работни места во ЕУ.

На прес-конференцијата Бајден рече дека „не се извинува“ за ИРА, кој вклучува субвенции за електричните автомобили произведени во САД и даночни кредити за промовирање на индустриите како што се обновливите извори на енергија и батериите.

Сепак, тој ја сигнализира својата подготвеност да направи отстапки во врска со законот за да се смират грижите на ЕУ.

„Постојат измени што можеме да ги направиме и кои во основа може да им го олеснат учеството на европските земји или тие да работат сами, но тоа сè уште треба да се разработи“, рече Бајден. „Никогаш немавме намера да ги исклучиме луѓето што беа подготвени да соработуваат со нас“.

Нарекувајќи ги разговорите со Бајден „искрени и отворени“, Макрон рече дека е „уверен“ дека може да се постигне напредок во однос на ИРА, но одби да даде детали.

Двајцата лидери рекоа дека наложиле заедничка работна група меѓу САД и Европската Унија да работи на „технички дискусии“ за тоа кои правни решенија би биле можни.

„Во следните недели и месеци ќе го разјасниме сето ова, но треба да биде можен напредок“, рече Макрон. „Сакаме да успееме заедно, а не еден против друг.“

Макрон и другите европски лидери ја покренаа идејата САД да им одобрат исклучоци на европските компании, слични на оние што им се доделени на земјите со трговски договори со САД, како што се Канада и Мексико. Но досега беше тешко да се натераат САД да го променат својот пристап бидејќи Конгресот веќе го усвои законот.

„Има многу работи што можеме да ги направиме“, рече Бајден. 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе