Бајден до Путин: САД се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека „Соединетите Американски Држави се спремни да го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“. Рускиот претседател Владимир Путин претходно вети дека ќе ги брани анектираните украински региони со сите потребни средства.

EPA-EFE

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пак, кажа дека одлуката на Путин за анексија е најсериозната ескалација на конфликтот откако Русија ја нападна Украина во февруари.

„Путин мобилизираше уште стотици илјади војници, неодговорно се заканува со нуклеарно оружје и сега незаконски припои повеќе украински региони. Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната“, кажа Столтенберг. „Ова е најголемиот обид за анексија на европска територија на сила од Втората светска војна“, кажа шефот на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе