„Предлог законот сега оди во Сенатот, каде, се надевам, ќе биде брзо усвоен. Не можеме да губиме време“, кажа Бајден во кратка изјава од Белата куќа.
Предлог законот е темел на планот на Бајден за економско заздравување на земјата, а неговото усвојување во Конгресот ќе биде првото негово големо законско постигнување како претседател.
Претставничкиот дом го усвои со тесно мнозинство, а сега треба да го разгледа Сенатот, можеби во одредена мера да го измени и да гласа за него.
Бајден истакна дека пакетот за помош ќе ѝ даде поттик на економијата и ќе создаде милиони нови работни места.
Меѓу останатите мерки предвидува директни исплати на домаќинствата, финансирање на тестовите за коронавирусот и дистрибуција на вакцините со дополнителна помош на невработените.
Конгресот треба предлог законот да го усвои до 14 март кога завршуваат надоместите за невработеност.